hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Репрезентацијата ја започна „мисијата Словенија“ во евро-квалификациите

482134457 1148718979831110 5606486837867491815 n

Ракометната репрезентација на Македонија во мартовската ЕХФ седмица ја очекуваат два дуели против селекцијата на Словенија во Скопје и Копер.

Селекторот Кирил Лазаров веќе ги објави имињата на кои ќе смета, а за денес беше закажан и првиот собир. Во скопскиот хотел „Александар Палас" селекторот и стручниот штаб ги пречекаа ракометарите првпат во новата година и по настапот на Светското првенство во јануари. Лазаров мораше да менува непосредно пред репрезентативниот собир бидејќи поради повреда отпадна Петар Атанасијевиќ, а во комбинација влета неговиот тимски колега Цветан Кузманоски.

Македонија и Словенија првиот меч ќе го одиграат во Скопје на 12 март во СЦ „Борис Трајковски" со почеток во 20:00 часот, додека втората средба е во Копер на 16 март во „Бонифика" со почеток во 18:30 часот.

Нашата репрезентација е на делба на втората позиција со Литванија со по два бода, додека Словенците се први со четири бода и две победи на два меча, додека Естонија е последна без бодови.

За Македонија покрај двомечот со Словенија ќе остане уште гостување кај Естонија во Талин и домашен натпревар против Литванија во мај.

 

Share