hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Убедливо совладан Нови Београд во првиот тест во Стара Пазова

471375130 1073448777798478 388200786427356233 n

Македонија - Нови Бепград 85:44

Само три дена по стартот на подготовките за Светското првенство во Данска, Норвешка и Хрватска, репрезентација на Македонија го одигра првиот контролен турнир. Момците на Кирил Лазаров во натпревар трипати по триесет го совлада српскиот суперлигаш Нови Београд со 85:44.

Сите ракометари кои ги поведе селекторот добија шанса и скоро сите се запишаа во листата на стрелците.

До крајот на подготовките во Стара Пазова македонските ракометари ќе одиграа пријателски мечеви и против Динамо Панчево и Саудиска Арабија.

Унгарија, Холандија и Гвинеја се ривали на нашиот национален тим на Мундијалот во Вараждин.

Share