Македонија ги надигра Грците во вториот пријателски меч во Солун
Грција - Македонија 22:23 (10:12)
По ремито во првиот дуел во Солун, македонската ракометна репрезентација денес одигра втор тест натпревар против Грција. Нашата најсилна селекција оставри триумф над јужниот сосед и во драматичен меч славевме со 22:23, па така успешно го завтораме овој репрезентативен прозорец кој послужи како добра подготовка за Лазаров и ракометарите.
Македонија повторно беше доста подобар ривал во првите триесет минути и на пауза замина со плус два (12:10), но домаќинот не се откажа и ги искористи нашите грешки за да се врати во егал ситуација. Во продолжение, често се играше гол за гол и повторно имаше доста тензија на теренот, но во такви услови подобро се снајдоа македонските ракометари кои направија клучен исчекор со предноста од 22:20.
Серафимов со пет и Талески со три гола беа најефикасни во нашата репрезентација, во чиј табор одличен беше и Митревски со девет интервенции.
Македонската селекција ја чекаат нови два дуели со Грција на почетокот на месец јануари, но тие ќе се одиграат во нашата престолнина.