hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кирил Лазаров: Грција е сериозен противник, ќе играме со репрезентација која е во подем

mkd reprgrc

Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија денес го имаше првиот собир за ЕХФ неделата во која ќе одигра два контролни натпревари со Грција во Солун. Натпреварите треба да се одиграат на 4 и 5 ноември.

Селекторот Кирил Лазаров повика 22-ца ракометари и единствена новина е Никола Костески кој по подолго време се врати во репрезентацијата. Единствени кои не се појавија на собирот се Филип Кузмановски и Никола Митревски, чие доаѓање се очекува вечерва.

„Повикав 22 играчи на овој собир на ЕХФ неделата, во која ќе немаме официјален натпревар, но затоа имаме пријателски мечеви. Ќе пробаме максимално да ја искористиме оваа недела и за тренинзи, но меѓутоа да видиме до каде и со натпреварите. За противник имаме сериозен противник, противник кој е во подем. Тоа е репрезентацијата на Грција, која е учесник на Европското првенство, каде што сме и ние. Мислам дека играчите од типот на Милан Лазаревски кој го заслужува повикот, еве повеќе време во дресот на Вардар пружа одлични игри и тоа на квалитетни натпревари и тоа во квалификациите за Европската лига против Рајн Некар Левен, потоа во мечеви против Пелистер. Тука е и постариот Костески кој што е најдобар стрелец во првенството на Чешка. Секако дека заслужуива шанса да му се даде, тој е на местата на нашата легенда Гоце Георгиевски. Тој е тука заедно со неговиот брат Ненад, кој што е голем потенцијал. Сакам да пробам уште неколку играчи. Да, списокот е подолг, секако дека ќе се скрати на 17, можеби и 19 играчи, на кој што ќе сметам.Ќе пробаме да ги искористиме овие денови максимално, да пробаме да се спремиме на она што не очекува на Европското првенство", изјави Кире Лазаров.

Лазаров одлучи да направи промени во стручниот штаб и го ангажира Хрватот Нино Павелиќ.

Share