hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Потврден рекордот, Македонија ќе игра пред полн стадион против Франција

diseldorgff

Германската ракометна федерација потврди дека на првиот ден на фудбалскиот стадион во Дизелдорф, на кој првенството ќе го отвори Македонија во дуел со Франција, ќе има повеќе од 50.000 гледачи. Толку билети се продадени во моментов, иако таа бројка ќе биде и поголема.

Актуелниот рекорд за посетенотс на ракометен натпревар исто така беше поставен на фудбалски стадион. 44.189 гледачи присуствуваа на Рајн-Некар Левен против Хамбург на арената во Франкфурт во 2014 година. Најголемиот број на публика на ниво на ЕП беше 20.022 гледачи. Арената во Будимпешта беше распродадена трипати за натпреварите на Унгарија за време на ЕП 2022 година.

Истиот ден, но подоцна во истата сала во „Меркур Арената" играат и Германија против Швајцарија. Натпреварот Македонија – Франција почнува во 18:00 часот, додека Германија и Швајцарија почнуваат во 20:45 часот.

Share