hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија доби група во Берлин со Германија, Франција и Швајцарија

201219-ehf-draws-2

Македонската ракометна репрезентација како второпласирана ја заврши групата во квалификациите за Европското првенство, а квалитативниот статус направи да ја чекаме денешната ждрепка од третиот шешир. Македонија доби два од најтешките противници од првиот и вториот барабан, па така нашата селекција ќе биде дел од таканаречената „група на смртта" во која флавни фаворити ќе бидат Франција и Германија.

Група А: Франција, Германија, Македонија, Швајцарија
група Б (Манхајм): Хрватска, Шпанија, Австрија, Романија
група Ц (Минхен): Исланд, Унгарија, Србија, Црна Гора
група Д (Берлин): Норвешка, Словенија, Полска, Фарски Острови
група Е (Манхајм): Шведска, Холандија, Босна и Херцеговина, Грузија
група Ф (Минхен): Данска, Португалија, Чешка, Грција

Во случај да ја мине групата Македонија ќе игра во новоформирана група во Келн, со најдобрите две селекции од групите Б и Ц.

Првата фаза ќе се игра и во Дизелдорф, Манхајм и Минхен. Потоа главната рунда се сели во Хамбург и Келн, додека завршниот турнир се игра на добро познатото место - „Ланксес Арена".

Share