hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Ждрепката закажана за 10 мај, Македонија во третиот шешир

zdrepka

Македонија со синоќешната победа над Турција, го потврди пласманот на Европското првенство, кое се знаеше и претходно. Португалија, противникот кој го освои првото место во групата, се најде во вториот шешир.

Шешири пред ждрепката за Европското првенство 2024 година:

Шешир 1: Франција, Шведска, Данска, Шпанија, Исланд, Норвешка
Шешир 2: Словенија, Унгарија, Холандија, Германија, Португалија, Австрија,
Шешир 3: Македонија, Чешка, Полска, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина
Шешир 4:Црна Гора, Фарски Острови, Грузија, Швајцарија, Романија, Грција

Во првиот шешир се најсилните селекции како Шведска, Шпанија, Данска, Франција, Норвешка и Исланд. Со Македонија не можат да се паднат Хрватска, БИХ, Полска, Чешка и Србија, со оглед дека тие се во ист шешир.

Ждрепката за шампионатот на Европа е закажана за 10 мај.

Share