hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Драматична победа над Турција на прошталниот натпревар на Гоце Георгиевски

gocecao

Македонија - Турција 30:27 (15:15)

Македонската машка ракометна репрезентација во последниот настап од квалификациите за Европското првенство ја совлада Турција со 30:27 (15-15) и обезбеди ново учество на големите натпреварувања.

Нашиот состав до победата стигна потешко од очекувањата, но и покрај водството на гостите во вториот дел кое стигна и до четири гола, сепак на крајот забележавме победа. Лоша вест е повредата на Филип Кузмановски, кој уште во првиот дел го заврши натпреварот. Во вториот дел Турците поведоа, нашите момци долго време го бараа правиот ритам и на крајот младиот Митев со серија на голови ја донесе победата.

Најефикасни во нашиот состав со по пет гола беа Марко Митев и Жарко Пешевски додека голманот Мартин Томовски забележа 15 интервенции.

Овој натпревар беше последен во репрезентативната кариера за Гоце Георгиевски, кој дресот на македонската селекција го носеше од 2007 година.

Share