hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Победа во Луксембург и „виза“ за уште едно Европско првенство

 uploads thumbs resize 750x450 564938

Луксембург - Македонија 23:28 (12:14)

Македонската машка ракометна репрезентација дојде до планираната победа на гостувањето кај Луксембург со 23:28, домаќинот пружи далеку посериозен отпор отколку на мечот во Скопје.

Луксембуржаните го отворија натпреварот агресивно, храбро и со очигледна намера за што подобар резултат. имаа водство од 3:1, потоа и од 6:4, поттикнати од расположениот голман Мика Херман. Сепак, некаде по 10. минута почна првата напаѓачка криза на нашиот противник и траеше, речиси, осум минути. Македонија направи серија од 3:0, користејќи главно игра преку пикер и откако првпат се одлепи на плус три, во соблекувалната замина со 12:14.

На почетокот на вториот дел, Луксембург десетина минути држеше приклучок, се доближи и на 16:17, но потоа Македонија почна да гради разлика. Марко Кизиќ, кој уште на половина од првиот дел го замени Никола Митревски продолжи да брани одлично, па следните 10 минути беа најдобрите на Македонија, поради што во 50. минута имавме највисоки 18:25.

До крајот домаќините ја ублажија предноста, главно поради наши грешки и исклучувања, но Македонија, сепак, освои два бода со кои само теорија може да ја тргне од листата патници на ЕП 2024.

Голманот Марко Кизиќ имаше одличен натпревар со десет одбрани, додека кај стрелците, Филип Талески постигна осум гола, пред Мартин Серафимов и Филип Кузмановски со по четири реализации. Кај Луксембург, Лоик Кајсен имаше десет гола, пред Јан Хофман со четири гола.

Квалификациите ги завршуваме на домашен терен, со дуелот против Турција в недела од 18:00 часот.

Share