Македонската ракометна репрезентација денес патува за Луксембург каде што ќе го одигра мечот од квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година.
Од составот на селекторот Кире Лазаров за ова гостување отпаднаа голманите Мартин Томовски и Едвин Омерагиќ, додека во Луксембург ќе заминат Никола Митревски и Марко Кизиќ.
Дуелот меѓу Луксембург и Македонија се игра утре со почеток од 20.15 часот, додека последниот меч од квалификациите е закажан за 30 април од 18:00 часот, кога во Скопје ни гостува Турција.