hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Повеќе од сериозно ќе ги сфатиме Луксембург и Турција, нема да ги потцениме

kire luksemburg

Деветнаесет ракометари од домашното првенство и двајца интернационалци се најдоа на списокот што селекторот Кирил Лазаров го објави денеска за двата априлските натпревари на македонската машка ракометна репрезентација против Луксембург и Турција во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.

„Од она кое го гледам, бидејќи 90% од нашите репрезентативци доаѓаат од нашата лига, можам да бидам задоволен, од нивната моментална форма. Познавајќи ги сите, мислам дека ќе го сфатат овој предизвик повеќе од сериозно. Ние сме благи фаворити иако сме млада репрезентација. Ја преземаме таа улога, но во спортот се покажало дека мора да сме претпазливи. Немаме многу време за подготовка, немаат ниту противниците. Ќе ги иксористиме овие денови за три до четири тренинзи, внимание ќе имаме повеќе на стратегијата, на тактички план. Работиме подолго време заедно и мислам дека времето кое го имаме максимално ќе го искористиме. Нема да дозволам во ниеден момент да го потцениме противникот, на пример едни Фарски Острови прават изненадувања. Ние сме на чекор до ЕП 2024, верувам во овој тим и ќе си ја сфатиме работата сериозно. Така ќе се поставам и јас како селектор. Ќе се обидам некои работи во минатото кои не функционирале, посебно во дефанзивата, да ги поправиме и да изгледаме уште подобро.

Во последен момент отпаднаа Петров и Стојковиќ, остануваме со три пивоти, тие се „потрошена роба", секогаш има многу контакти, затоа и на поширокиот список ги има повеќе на број баш поради овие работи. Тука се Пешевски, Маркоски, Аларов... па сметам дека ќе одговорат коректно. За другите, се е во ред, ќе видиме што ќе ни донесат на тренинзите", рече селекторот.

Македонската репрезентација на 26 овој месец гостува во Луксембург, а завршниот натпревар во рамки на квалификациската група 1 ќе го одигра на 30 април против Турција во салата „Борис Трајковски" во Скопје.

Share