hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Поискусната Португалија вторпат слави против подмладената Македонија

пор - мкд

Португалија - Македонија 32:27 (15:11)

Ракометната репрезентација на Македонија доживеа очекуван пораз на гостувањето кај Португалија, но момците на Кирил Лазаров и овојпат храбро се бореа против силниот противник, сега загубивме со 32:27. Македонските ракометари дадоа максимум, се бореа храбро, бевме рамноправни во голем дел од мечот, но на крајот Португалија дојде до победата.

Тргнавме одлично, имавме водство од 3-1 до шестата минута, но како и на мечот во Скопје, имавме осцилации во играта и дозволивме Португалија брзо да ја преземе предноста. На полувремето домаќините водеа со 15:11. Во текот на вториот дел Португалија дојде до водство и од највисоки девет разлика, 28:19, но до крајот на мечот успеавме да се избориме за поблаг пораз, конечниот резултат беше 32:27.

Филип Кузмановски со десет голови беше нашиот најдобар ракометар, Мартин томовски имаше девет одбрани. Последните два натпревари од квалификациите ги играме кон крајот на април, на 26 април гостуваме кај Луксембург, а четири дена подоцна ја пречекуваме Турција. По четири одиграни кола Португалија е прва со максимални осум бода, Македонија е втора со четири колку што има и Турција, Луксембург е последен без бодови. Потребно е да го задржиме второто место за пласман на ЕП 2024, иако и четири од третопласираните селекции ќе добијат виза.

Share