
Македонија ја очекува двомеч со Португалија во квалификациите за Европското првенство 2024 година, а пред овие две средби селекторот Лазаров се соочува со големи проблеми.
Од повиканите ракометари денес отпаднаа Филип Талески, Марио Танковски и Жарко Пешевски, па Лазаров се одлучи да повика нивни замени. Нови имиња на подготовките се ракометарите на Вардар 1961, Михаил Аларов и Марко Мишевски.
Македонските репрезентативци ќе се подготвуваат во салата „Автокоамнда" се до среда кога ќе се преселат во „Борис Трајковски". Првиот натпревар против Португалците го играме на домашен терен на 9 март, додека три дена подоцна ќе гостуваме во Порто на реваншот.