hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Репрезентацијата се собра за двомечот против Португалија

lazarov selektor

Машката ракометна репрезентација на Македонија од денес почнува со мини подготовките за претстојните два дуели од квалификациите за Европското првенство, а противник ни е селекцијата на Португалија.

Предводникот на националниот тим Кирил Лазаров е свесен дека не очекуваат два тешки натпревари, но верува во овој подмладен состав, кој токму на вакви мечеви ќе созрева и ќе го стекне неопходното искуство.

„Нè очекува тежок, меч, знаеме за каква репрезентација се работи. Тие веќе ја направија својата промена на генерации и веќе 4-5 години играат заедно. Ќе имаме тешка работа, се надевам дека времето ќе го искористиме за што подобро да се подготвиме и да бидеме конкурентни. Да го дадеме нашиот максимум во овој момент, затоа што знаеме дека особено на овој собир нашата репрезентација ќе биде драстично подмладена. Го правиме тоа кон што тежнееме, комплетна промена на генерации и треба да бидеме трпеливи. Имаме талент, ни требаат квалитетни натпревари со силни противници, во овој случај тоа е репрезентацијата на Португалија. Ние секогаш ќе одиме на победа, ние тргаме со таква мисла, но реалноста е друга. Ние ќе се подготвуваме да победиме, меѓутоа пред себе ќе имаме доста квалитетна репрезентација, која со години настапува добро на големите собири", истакна Лазаров.

За претстојните две средби тој нема да може да смета на Филип Талески, а во составот ќе ги нема и искусните Дејан Манасков и Гоце Георгиевски.

„Околу неиграњето на Дејан Манасков, после СП одлучив да им дадам шанса на помладите играчи, од типот на Цветан Кузманоски кој што е голем талент и Петар Атанасијевиќ, кој на СП на последните мечеви покажа дека располага со огромен потенцијал на кој што во иднина треба да се смета. Вратата на репрезентацијата секако секогаш за секого е отворена, а оваа одлука не е конечна. Филип Талески ќе биде отсутен на овие два меча, во договор со РФМ и со мене, тој ќе го прескокне овој собир и ќе се приклучи на собирот на крајот на април против Луксембург и Турција. Што се однесува до Гоце Георгиевски ние се договоривме уште пред почетокот на СП, дека ќе им дадеме шанса на помладите. Тој дал многу за оваа репрезентација, и неговите последни натпревари ќе бидат против Турција и Луксембург. Тогаш достојно ќе се збогува од националниот дрес", заврши предводникот на националниот тим.

Првиот натпревар против Португалија го играме в четврток во Скопје во „Борис Трајковски" со почеток од 19:00 часот.

Share