hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Се надевам дека младите ќе бидат уште подобри од нас

download3

Ракометниот спектакл во Скопје каде силите си ги омерија легендите и сегашната репрезетација на Македонија беше од хуманитарен карактер со тоа што сите собрани средства ќе бидат донирани за СОС Детското село.

Говорејќи за мечот легендата на македонскиот ракомет, досекогашниот голгетер, а сега селектор Кирил Лазаров ја пофали организацијата и додаде дека се надева дека идните генерации ќе го надминат успехот на неговите досекорешни соиграчи.

„Одличен потег на организаторот, на Ракометната федерација на Македонија за ова што се организира вечерва. Повеќе од 15 години сме на голема сцена, сме во репрезентацијата. Го одржуваме македонскиот спорт и се обидуваме тоа да биде уште подобро во иднина. Се надевам дека овие млади ракометари дека ќе бидат уште подобри и од нас", вели Лазаров.

Ракометниот натпревар меѓу актуелните репрезентативци на Македонија и легендите на спортот заврши со славје на помладите од 25:21 (12:12).

Share