hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Репрезентацијата комплетна по празниците, следи спектаклот во СЦ „Борис Трајковски“

trening 2023

Македонската машка ракометна репрезентација продолжува со подготовките за настапот на Светското првенство во Полска и Шведска. По клупските обврски во составот се и Филип Кузмановски и Никола Митревски.

Утре во СЦ „Борис Трајковски", Ракометната федерација на Македонија ќе организира вистински спектакл како одбележување на 30 години од формирањето на машката репрезентација, но тоа ќе биде и натпревар во кој ќе се поздрават легендите кои се збогуваа од националниот дрес. Влезниците се во продажба, повеќе на „МКтикетс".

По „натпреварот на деценијата", нашите најдобри ракометари ќе отпатуват за Хрватска каде на 6 и 7 јануари ги очекува настап на „Кроација куп" каде што покрај играчите на Кирил Лазаров и домаќинот, ќе настапи и селекцијата на Израел.

На Светското птвенствл се наоѓаме во група со Норвешка (13 јануари), Холандија (15 јануари) и Аргентина (17 јануари) и сите натпревари ќе се играат во полскиот град Краков.

Share