hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Минимален пораз во вториот тест дуел против Црна Гора

Dzomba

Македонија - Црна Гора 30:31

Машката ракометна репрезентација на Македонија загуби од Црна Гора со 30:31 во вториот контролен натпревар што се играше во Маврово. Вчера нашиот национален тим беше подобар со 38:33. Двете репрезентации се подготвуваат за Светскиот шампионат што на почетокот на идната година ке се одржи во Шведска и Полска.

Најдобар кај Црногорците беше играчот на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ, со вкупно шест постигнати гола, а го следеше Лука Радовиќ со четири гола.

Во рамките на подготовките македонската репрезентација на трети јануари во Скопје ке одигра хуманитарен натпревар со претходната генерација репрезентативци чиј најголем успех беше петтото место на Европското првенство во Србија пред 11 години во Србија.

Македонија својот настап на СП во Краков го почнува на 13 јануари, а прв противник ќе биде селекцијата на Норвешка.

Share