hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија на Лазаров ја декласира Турција во далечниот Ван

308387839 843430000128996 6565426548026822850 n

Турција - Македонија 27:36 (8:17)

По лесната победа над Луксембург, македонските ракометари во далечниот Ван ja совладаа Турција со 27:36 во второто коло од евро-квалификации.

Момците на Кире Лазаров доминираа, впишаа убедлива победа од девет голови разлика и веќе е јасно дека без големи проблеми ќе обезбедат едно од првите две места на табелата и ќе се пласираат на Европското првенство. Македонија стартуваше фуриозно, поведовме со 9:0 на стартот, Турците првиот гол го постигнаа дури во 14. минута од натпреварот. На полувремето нашата репрезентација имаше предност од 8:17.

Во вториот дел Македонија се опушти, Турција во еден момент намали и на шест разлика, но тоа беше се што направија, на крајот нашата репрезентација ги одржа тие девет голови од првото полувреме и славеше со 27:36.

Филип Талески блесна со седум голови, Дејан Манасков постигна пет, Јагуриновски даде четири голови.

По првите две кола Македонија и Португалија имаат по четири бода, Турција и Луксембург се без бодови.

Share