hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Честитки за момците, но имавме и грешки кои не треба да се повторат

kire lux

Ракометната репрезентација на Македонија славеше со 38:24 против Луксембург во првиот меч од квалификациите за Европското првенство во 2024 година, а и покрај убедливиот триумф селекторот Кире Лазаров најде замерки и сака уште подобро од младите момци.

Поголем број грешки беа направени во второто полувреме.

„Честитки до ракометарите за победата и за односот кој го имаа кон натпреварот. Обезбедивме убедлива предност во првиот дел, но потоа падна нашиот ритам. Ни се случија и грешки кои не смеат да се повторат", изјави Лазаров.

Ракометната репрезентација сега ја очекува дуел на гости против Турција.

„Одиме во Турција за три дена и мислам дека тој меч е најважниот во овие квалификации. Таму е жежок терен, Турците се поквалитетна селекција, но веруваме во овие момци. Чест и задоволство ми е да водам една ваква талентирана селекција", истакна селекторот Лазаров.

В недела од 16:00 часот следува дуелот со Турција, на гостински терен, во градот Ван.

Share