hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Јавноста ќе види нова и модерна Македонија!

kire09102022

Македонските ракометари во следниот период играат два меча од квалификациите за Европското првенство (ЕП) против Луксембург и Турција. На денешниот собир на селекцијата недостигаа интернационалците, кои утре ќе приситгнат во Скопје. Селекторот Кирил Лазаров зборуваше пред медиумите за новиот почеток.

Селекторот за новата Македонија:

 - Ова е нова репрезентација на Македонија, сосема различна од претходната. Ги нема веќе Миркуловски, Стоилов, Лазаров. Подмладени сме, но има и неколку поискусни играчи. Тоа се играчи кои немале некоја позначителна улога досега во националниот тим. Секогаш биле тие што помагале, биле додадена вредност, но немале главна улога. Ќе градиме еден нов систем, практично треба да го доградиме тој што веќе го започнавме. Преферирам играчи кои играат во два правци и имаме такви на списокот. Ќе пробаме да играме еден нов, модерен ракомет.

Селекторот за противниците Луксембург и Турција:

 - Имаме доста материјали за Турција и Луксембург. Нема да ги потцениме, иако сме поквалитетни. Фаворити сме на хартија против Луксембург, но тоа треба да го оправдаме. Турција е незгодна репрезентација. Имаат амбиција за напредок, а и игравме против нив на Медитеранските игри. Ќе играме во Ван, каде што очекуваме полна сала.

Натпреварот против Луксембург се игра в среда од 19:00 часот, а во гостувањето во Турција е в недела од 16:00 часот.

Share