hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Длабоко во себе верувам во невозможни мисии

лазаров селектор1

Репрезентација на Македонија во ракомет ги доби противниците за Светското првенство кое на почетокот на следната година ќе се одржува во Полска и Шведска. Денешната ждрепка во Катовице одлучи, Македонија да се најде во групата Ф заедно со репрезентациите на Норвешка, Холандија и Аргентина. Нашата репрезентација немаше среќа на ждрепката бидејќи можеше да се падне и многу полесна група.

Селекторот Кирил Лазаров вели дека е време за оформување на ликот на новата репрезентација на Македонија.

„Многу интересна и тешка група за нас. Не можам да бидам објективен, затоа што нашата репрезентација за прв пат ќе настапи без ракометари од калибарот на Миркуловски, Стоилов, Лазаров.. Ме загрижува и неиграњето на Вардар во Лигата на шампионите, затоа што некои од нашите репрезентативци остануваат без потребните силни натпревари во текот на сезоната и пред почетокот на СП. Не ни останува ништо, освен да почнеме да го оформуваме ликот на новата репрезентција на Македонија. Длабоко во себе верувам во невозможни мисии и работа и само така можеме да одиме напред. За Норвешка не треба да трошиме зборови, Холандија беше хит на последното Европско првенство. Аргентина со години знаела да прави големи проблеми и на посилни репрезентации од нашата. Ќе се фокусираме на себе и нашата селекција и ќе работиме на тоа што подобро да се подготвиме за настапот на СП", вели селекторот на македонската репрезентација Кирил Лазаров.

Прв ривал на нашиот национален тим ќе биде Норвешка на 13 јануари 2023 година.

Share