hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија промаши пенал за победа против Алжир, но покажа зрелост и карактер

mak-rakomet-makedonija-chile-10012021-9772

Алжир - Македонија 24:24 (15:15)

Ракометната репрезентација на Македонија на Медитеранските игри во Алжир одигра многу интересен и крајно неизвесен меч против домаќинот Алжир, кој на крајот заврши нерешено 24:24 (15:15).

Македонија на овие игри игра во млад и комбиниран состав, а селекторот Кирил Лазаров ја тестира силата и на помладите. Во преполната сала и жешката атмосфера која ја создадоа домашните фанови, Македонија покажа дека знае да игра и под притисок. Нашите ракометари поведоа со 4:1, потоа имаа предност и од 9:7, а потоа следуваше добра игра на Алжир. Домаќинот прв пат поведе со 14:13, а на полувреме беше 15:15.

Македонија подобро го интерпретираше финишот и со три гола преку Џонов, Ѓорѓиев и Митев поведе со 22:19 на десет минути до крајот на средбата. Но, Алжирците водени од навивачите успеаја прво да дојдат до израмнување 22:22 на четири минути до крајот, а потоа и да поведат со 22:24. Џонов погоди за 23:24, а по грешката на Алжирците, Митев го израмни резултатот. Во последната минута Кизиќ потоа фати една топка со што Македонија доби напад за победа а Алжирците направија прекршок за црвен картон и седмерец кој не успеа да го реализира Џонов и да и ја донесе втората победа на Македонија на Медитеранските игри.

Најдобар стрелец кај Македонија беше Мартин Серафимов со пет гола, пред Марко Митев, Иван Џонов, Игор Ѓорѓиев, Томислав Јагуриновски со по три реализации. Следниот натпревар на Медитеранските игри нашиот национален тим го игра на 30 јуни, а противник е репрезентацијата на Шпанија.

Share