hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Убедлив старт на Медитеранските игри, Македонија на Лазаров ја разби Грција!

mkd - grcija

Македонија - Грција 39:21 (20:13)

Најдобрата македонска репрезентација во својот прв натпревар на Медитеранските игри во Оран, Алжир, триумфираше убедливо над Грција со 39:21. Момците на Лазаров играа полетно и атрактивно и до врв ја наполнија грчката мрежа.

До 18. минута се играше гол за гол, а при нерешени 10:10 избраниците на селекторот Кирил Лазаров до крајот на првиот дел направија серија од 9:1 што беше клучно за освојување на првите бодови. Во првите минути од второто полувреме, разликата стана двоцифрена, растеше постојано, и така остана до крајот.

Најдобар кај стрелците беше Мартин Серафимов со седум гола, пред Ненад Костески со пет постигнати гола, исто колку што имаше и Петар Атанасијевиќ. Утре од 17:00 часот следи дуелот против Алжир, домаќин на Медитеранските игри. Македонија е во група уште со Шпанија, Алжир и Турција. Првите две од групата одат во полуфинале и битка за медал.

Share