hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант го освои Нанси и го потврди второто место во шампионатот

nant nacnic

Нанси - Нант 26:32 (16:16)

На едно коло до крајот на шампионатот на Франција, Нант на Алберто Ентрериос и Кирил Лазаров ја исполни целта. Имено, клубот на македонскиот репрезентативен капитен ја освои вицешампионската титула и ќе аплицира за настап во Лигата на шампионите за сезоната 2022/22.

Денешната лесна победа над Нанси се надоврзува на спектаклот пред три дена против Ним и на убедлив начин Нант го верификува второто место, на кое најчесто беше во текот на сезоната. Попладнево Нант извојува победа во Нанси со 26:32 и ја заокружи перфектната пролет во шампионатот.

За разлика од претходниот дуел кој беше едносмерен, овојпат првиот дел беше целосно израмнет. Бековите на Нант ја направија разликата на почетокот од вториот дел и немаше враќање назад. Победата од шест разлика отсликува каква е разликата во квалитет меѓу двете екипи.

По завршувањето на натпреварот, славјето се префрли и во соблекувалната. Кирил Лазаров и соиграчите со пиво во рака го прославија пласманот на второто место и релативно успешната сезона во француската лига. Брие и Белегер со по пет гола беа најефикасни кај Нант, а Дукро со седум погодоци се истакна кај Нанси. Лазаров имаше скромна минутажа и не се запиша меѓу стрелците.

В среда следи последниот домашен натпревар против Тулуз, а следниот викенд и финалето на Купот на Франција против ПСЖ.

Share