hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант играше спектакуларно и го испрати Лазаров како крал!

лазаров последен меч

Нант - Тулуз 32:18 (14:8)

Кирил Лазаров го одигра претпоследниот натпревар во својата кариера на клупски план, последен пред домашната публика во Нант која вечерва за последен пат му се радуваше на македонскиот ракометен генијалец. По прекрасна вечер вицешампионот на Франција со победа испрати пет ракометари и тренерот Ентрериос, но прославата во чест на Лазаров беше уникатна и незаборавна.

Нант уште во претходното коло го осигура второто место во француската Прва лига, но вечерва во последното коло одигра професионално и со победа спушти завеса на сезоната во домашното првенство. Нант го надигра Тулуз и славеше со 32:18, а Лазаров во вториот дел блесна со три гола (два со спекталарни цепелина) и подели уште неколку одлични асистенции за соиграчите.

Одличен кај Нант беше Балагер со осум гола, а расположени беа и голманите - Робин одбрани единаесет, а Нилсен осум топки. Кај Тулуз, Фојхтман стрелаше шест пати во мрежата на противникот.

За време на викендот следи финалето на Купот меѓу ПСЖ и Нант, што ќе биде последен натпревар во сезоната и последен натпревар во кариерата на Лазаров.

Share