hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Витална победа против Ним, Нант на чекор до вицешампионската титула

kire so nim

Нант - Ним 39:28 (22:16)

Кирил Лазаров и Нант се многу блиску до потврда на второто место во францускиот шампионат и веројатно учество во Лигата на шампионите следната сезона. Во еден од последните домашни натпревари до крајот на сезоната, Нант го декласира Ним со 39:28 (22:16).

Многу брзо избраниците на трерот Ентрериос се одлепија и постигнас дури 22 гола во првиот дел. Гостите од Ним како да се предадоа, па во вториот дел предноста порасна и кон средината на полувремето веќе беше двоцифрена. Финалните единаесет разлика покажуваат каква разлика имало меѓу ривалите на теренот.

Кирил Лазаров на овој натпревар постигна еден гол во второто полувреме. Најдобар стрелец беше Валеро Ривера со осум гола, пред Пешмалбек и Мин со по шест реализации. Голманот Нилсен фати 12 топки. Кај Ним, Египќанецот Мохамед Санад постигна шест гола, пред Квентин Минел со пет погодоци. Голманите Теодор Пол и Реми Десбоне немаа свој ден со само три одбрани.

Во следното претпоследно коло Нант гостува кај тимот на Нанси, а потоа ќе го пречека Тулуз.

Share