Голема победа во Монпелје, Нант на чекор до второто место
Монпелје - Нант 27:29 (13:14)
Последните две недели од тековната ракометна сезона започнаа според планот на Нант. Победата на гостувањето во Монпелје широко ги отвора вратите кон второто место и Лигата на шампионите. Екипата на Кирил Лазаров донесе два бода од гостувањето кај Монпелје и така тимот остана во игра за втората позиција. Момците на Ентрериос извојуваа победа со 27:29 кај четврфиналистот на Лигата на шампионите, а финишот и карактерот на гостите го решија прашањето на победникот.
На влезот во последните пет минути беше 24-24, па Нант даде два гола преку Мин и поведе +2 кои ги сочува до финишот.
Најдобар кај стрелците кај Нант беше токму Мин со шест гола, пред Ривера и Бриет со по пет гола, а Лазаров иако играше, немаше шут кон противничкиот гол, а забележа една асистенција. Кај Монпелје, Вилемино реализира шест пати, пред Симонет и Дескат со по пет гола.
Нант е второпласиран со 43 бода, пред Екс Прованс со 40 бода. Титулата ја осигура уверливиот ПСЖ.