hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант го надигра Сесон Рен, второто место во шампионатот на дофат

лазаров кам бек 3

Нант - Сесон Рен 31:26 (13:11)

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров се врати по повредата во баражот за Светското првенство против Чешка и се најде во официјалниот протокол, но не доби шанса на еден од последните домашни натпревари на Нант во домашното првенство. Имено, Лазаров тренира веќе подолг период и се подготвува за последните кола од шампионатот и финалето на Купот против ПСЖ на 11 јуни.

Нант го совлада Сесон Рен со 31:26 и продолжи да ја предводи табелата зад лидерот ПСЖ. Најефикасни во тимот на Алберто Ентрериос беа Пешмалбек и Мин со по пет погодоци, а одличен беше и голманот Нилсен со десет интервенции. Кај Сесон Рен се истакнаа Депро со седум и Молини со пет гола.

Икс Прованс го совлада Истр со 39:29, а Шамбери беше подобар од Сант Рафаел со 35:29. Гостинска победа запиша Кретеј на теренот на Данкерк (25:28).

На четири кола до крајот на шампионатот Нант има 41 бод, еден повеќе од изненадувањето Екс Прованс.

Share