hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Магдебург и вторпат подобар од Нант, Французите елиминирани во четвртфиналето

magdeburg - nant

Магдебург - Нант 30:28 (16:12)

Франција остана без претставник на завршниот турнир на ЕХФ Лига Европа, а Магдебург ќе ја брани титулата од минатата година. Ова е епилогот на четвртфиналниот двомеч, кој важаше за финале пред финалето. Падот на формата на Нант во клучниот дел на сезоната бепе видлив, па првпат екипата на Алберто Ентрериос врза три порази по ред во една недела.

Кирил Лазаров не настапи заради поведа и откако загуби на домашен терен, Нант потклекна и во реваншот во Магдебург со 30:28 и не успеа да се пласира на завршниот турнир. Магдебург имаше целосна контрола на играта и резултатот во текот на сите шеесет минути.

Најдобар кај победникот беше Дамгард со 11 гола, пред Хорнке со четири реализации, а кај Нант најистакнат беше Португалецот Портела со пет гола. Европската лига е единствениот клупски трофеј од големите натпреварувања кој му фали на Лазаров во богатата клупска кариера, затоа што претходно тој стана европски и светски првак со Барселона.

Покрај Магдебург, на 28 и 29 мај на завршниот турнир на ЕХФ Лига Европа, ќе играат и Висла Плок, Нексе Нашице и Бенфика.

Share