hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант ја загуби драмата против Екс Прованс, следи голема битка за второто место

FRnf1zrX0AMgnV2

Нант - Екс Прованс 25:26 (10:13)

По исцрпувачкиот ритам на натпревари на четири фронта, Нант западна во мал кризен период и го запиша вториот последователен пораз неделава. Во првиот дуел од 24. коло екипата на Алберто Ентрериос на домашен терен загуби ид директниот конкурент за место во евро-куповите, Екс Прованс со 25:26. Со оваа победа екипата на Тјери Анти се доближи на само еден бод до Нант во битката за втората позиција зад неприкосновениот ПСЖ.

Кирил Лазаров заради повреда не настапи, а Нант го ловеше водството на гостите во текот на целиот натпревар. Шпанецот Тарафета и поранешниот француски репрезентативец Акамбре со пет, односно четири погодоци беа најефикасни во победничкиот табор, а се истакна и голманот на француската селекција. Весли Пардин со тринаесет интервенции. Шпанец беше најефикасен и кај Нант, крилото Валеро Ривера постигна шест гола, а четири пат меѓу стрелците се запиша и Рок Овничек. Голманот Олсен собра десет интервенции.

По неполни 24 коло Нант е и натаму второпласиран со 37 бода, еден повеќе од Екс Прованс и четири од Монпелје. Во вторник екипата на Нант гостува во Магдебург во четвртфиналето на ЕХФ Лига Европа. Првиот натпревар заврши со победа од три гола разлика за лидерот во Бундеслигата.

Share