hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Полека градиме репрезентација без мене, без Миркуловски, Стоилов...

278490334 4665557570215043 730865091106638618 n1

Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров вели дека почувствувал дека сега не е момент да се збогува со македонскиот дрес бидејќи тоа ќе направело дополнителен притисок врз него. Лазаров дополнително ќе одреди кога ќе го одигра последниот меч.

„Ако се случеше и моето простување, тоа ќе беше притисок плус за мене. Јас и претходно во изјавите кажав дека не е време сега за тоа, има време за простување, најважно беше да ја победиме Чешка и да го продолжиме континуитетот на настапи на големите натпреварувања. Но полека градиме репрезентација која ќе биде без мене, без Миркуловски. Не знам точно кога ќе се пензионирам, но 90 проценти сум сигурен дека на Светското првенство ќе ме гледате само во тренерка како селектор. Треба да знае човек кога да се прости, кога е време за тоа. Јас ја продолжив кариерата за една година поради ковидот и поради Македонија. Моето и искуството на Жути дадоа допринос да играме на уште едно Светско првенство. Единствено ми е жал што се повредив за Европското првенство, мислев дека ако сме комплетни, ќе можевме да направиме многу повеќе, но така требало да биде", заврши Лазаров.

Ова беше посебен натпревар за Филип Миркуловски и Столе Стоилов кои за последен пат го носеа дресот на македонската репрезентација.

Share