hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Чешка падна во Скопје, Македонија по осми пат ќе игра на Светско првенство

278683988 4665557143548419 877793581578441882 n

Македонија - Чешка 27:25 (14:12)

Во натпревар со драматична завршница Македонија со 27:25 ја победи Чешка и избори пласман на Светското првенство, осмо за нашата репрезентација, Филип Миркуловски за последен пат го носеше македонскиот дрес.

Пред седум илјади гледачи почнавме нервозно и по пет минути Чесите водеа со 2:4. Сепак, се разбрани Митревски, следуваа голови на нашите бекови и кружни напаѓачи и со серија 5:0, Македонија поведе со 7:4. Сабате повика тајм-аут и нашиот ривал пронајде ритам. Бабак и Хрстка се доближија на -1 во 18. минута, пред Македонија пак да се потпре на своите ветерани. Миркуловски и Лазаров ни донесоа пак највисоки +3. Збрканиот финиш понуди само еден гол во последните три минути, оној на Кузмановски, и на одмор се замина со 14:12.

Во вториот дел постојано водевме, но Чесите беа тука. Имавме највиски четири голови разлика во еден момент, но тоа се стопи до крајот. Во последните минути Чешка намали на -1 и го донесе натпреварот во драматичен финиш. Во последниот наш напад беше направен пенал врз Јагуриновски кој го реализираше Кузмановски по што радоста можеше да почне, Македонија победи со 27:25.

Најдобар стрелец во македонската репрезентација беше Кузмановски со осум гола, Талески постигна шест, клучен беше и Митревски со 14 одбрани. Во составот на Чешка, Клима и Хртска постигнаа по пет голови.

Share