hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Очекувам уште поквалитетна Чешка во Скопје

h 56756818-scaled-e16155827316231

Македонската ракометна репрезентација во Скопје ги прави и последните подготовки за одлучувачкиот меч со Чешка на патот до Светското првенство на стартот на следната година. Селекторот Лазаров, по ремито во Злин вели дека вечерва ги чека тежок меч.

„Задоволни сме како одигравме, иако можеше многу подобро резултатски. Меѓутоа, по две ноќи, можам слободно да кажам дека Чешка малку нè потцени, без да ги оспорам нашите играчи, напротив сакам да ги пофалам, затоа што дадовме еден екстра квалитетн натпревар, можеби еден од подобрите во изминативе неколку години. Затоа очекувам уште поквалитетна, уште поцврста Чешка и уште поподготвена тактички и стратегиски. Не ме плаши воопшто, меѓутоа треба да бидеме внимателни и сме внимателни засега", изјави Лазаров.

Дуелот со Чешка се игра вечерва пред полна арена „Борис Трајковски" со почеток од 19:00 часот.

Share