hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Чувствувам горчина што не победивме, но задоволен сум со ремито

selektor lazarov

Ракометната репрезентација на Македонија пропушти одлична можност да дојде до првата победа на гостински терен во дуелите со Чешка играјќи само 24:24 во првиот бараж натпревар за пласман на Мундијалот во Полска и Шведска.

Иако и ремито е добар резултат, ракометарите во второто полувреме имаа предност од дури седум гола (10:17) и играа перфектен натпревар педесетина минути, но во последните 10 минути се случи пад во играта и тоа го искористија Чесите за да се спасат од пораз. Голот со кој беше испуштена победата, Македонија го прими на десет секунди пред крајот на натпреварот преку Кашпарек.

„Им честитав на момците за борбата, за испочитуваното на тоа што се договоривме како и за тоа што го направивме и што го одигравме. Треба да бидеме задоволни, никој не очекуваше дека во некој момент ќе водиме со 17>10. Игравме како по ноти и во одбрана и во напад, но на крај ни се случи пад, којшто ќе не држи многу будни. Јас знам дека можеби и малку ги изненадивме, но знам и дека на реваншот ќе се подготват добро и нема да биде воопшто лесно. Иако имаме добар резултат, позитивен, никогаш сме немале ваков во еден бараж натпревар.

Меѓутоа жалам што не победивме, барем, еден гол разлика, мислам дека заслуживме. Едноставно не знаевме да го приведеме натпреварот до крај, промашивме и зицери, изработени акции. Тежок натпревар за играње, Чешка е габаритна екипа, физички доста потрошувачки натпревар, па ќе треба добро да се одбориме. Меѓутоа, ова де ми го нудеше некој пред натпревар јас ќе го прифатев со две раце, затоа што ја репсектираме Чешка и Сабате како тренер. Сум задоволен, иако малку имам горчлив вкус, па особено кога ќе го гледам натпреварот. Сепак, треба да знаеме дека во недела ќе победи колективот", рече Лазаров.

Сите билети за возвратниот дуел в недела во Скопје се распродадени.

Share