hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија ремизираше во Злин на првиот мундијалски бараж

чешка - македонија 16

Чешка - Македонија 24:24 (10:13)

Македонската ракометна репрезентација со одличен резултат се враќа од Чешка, но впечатокот е со доза на горчина затоа што можевме да дојдеме и до победа но успеавме да прокоцкаме водство од дури седум голови разлика. Финалните 24:24 се практични единствено реми на Чесите во текот на дуелот.

Нашите ракометари одлично отворија, поведовме со 1:5, потоа Чешка воспостави некаква рамнотежа, но ние го диктиравме резултатот. На одморот заминавме со предност од 10:13.

Во вториот дел тргнавме со серија од 4:0, поведовме со 10:17, тука ги имавме највисоките 7+, имавме и 16:22, а потоа следуваше голем пад. Голманот Мрква редеше одбрани, а Чешка ја намалуваше негативата, на крајот успеаа да се спасат од пораз, конечниот резултат беше 24:24.

Играч на натпреварот беше голманот на Чешка, Мрква кој имаше 16 интервенции, а одличен беше и Митревски со дванаесет одбрани. Најдобар стрелец на Македонија беше Талески со пет голови, Лазаров и Георгиевски постигнаа по четири.

Патникот на Светското првенство ќе биде решен во недела кога двете селекции го играат реваншот во салата „Борис Трајковски".

Share