hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров ја собра репрезентацијата за мундијалскиот бараж против Чешка

mak-rakomet-sobir-na-reprezentacija-09042022-8135

Вечерва во хотелoт „Александар Палас" во Скопје се собра најдобрата машка селекција за престојниот мундијалски бараж натпревар против Чешка. Откако во првата рунда од плеј-офот, нашите ракометари ја минаа Романија, сега последна пречка пред нов настап на Светското првенство што следната година ќе се одржи во Полска и Шведска е селекцијата на Чешка.

 

На последниот список на селекторот Кирил Лазаров има 23 ракометари, но на денешниот собир ќе недостасуваат неколкумина наши интернационалци кои имаат обврски со своите екипи, а тимот би требало да се комплетира во понеделник.

Ракометарите ќе се подготвуваат во салата во Автокоманда и во СЦ „Борис Трајковски" каде на 17 април (недела), ќе се игра реванш дуелот, додека првиот натпревар што ќе се игра во Злин, на програмата е во среда (13 април) со почеток од 19:15 часот.

Share