hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров го скрати списокот за двомечот против Чешка

Kiril-Lazarov29-1024x752

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, го скрати списокот од 35 на 23 играчи со кои ќе ѝ се спротивстави на Чешка во баражот за пласман на Светското првенство.

Повикани се двајца дебитанти во имињата на Дарко Кондев и Петар Атанасијевиќ, кои ќе борат за местото покрај искусниот Гоце Ојлески, а на местото на повредениот Цветан Кузманоски.

277804076 686217932751384 1282142911341316205 n

Лазаров ќе ја одржи првата прозивка на деветти април во 18:30 часот во хотелот „Александар Палас" во Скопје. Првиот дуел се игра во Злин, Чешка на 13 април од 20:15 часот, додека реваншот е четири дена подоцна во Скопје од 19:00 часот.

Share