hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија почнува и завршува во групата на домашен терен

h 56756818-scaled-e1615582731623

Македонија ќе го брка своето осмо учество на Европските првенства. Најдобрата ракометна репрезентација ги дозна ривалите во квалификациите за пласман на следното Европско првенство кое ќе се одржи во Германија во 2024 година.

Ждрепката одлучи нашата сениорска селекција да игра во квалификациската група „1" заедно со селекциите на Португалија, Турција и Луксембург.

Распоред на натпреварите во групата:

1. коло 12.10.2022  Македонија - Луксембург

2. коло 15.10.2022  Турција - Македонија

3. коло 08.03.2023  Македонија - Португалија

4. коло 11.03.2023  Португалија - Македонија

5. коло 26.04.2023  Луксембург - Македонија

6. коло 30.04.2023  Македонија - Турција

Квалификациските мечеви ќе се играат во периодот од октомври 2022 до април 2023 година. На ЕП ќе се пласираат првопласираните две репрезентации од секоја квалификациска група, како и четири најдобро третопласирани репрезентации.

Share