hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Резултатот не е реален, треба да бидеме претпазливи на реваншот

kire press romanija abaraz

Македонската сениорска репрезентација оствари победа од осум голови разлика во првиот натпревар против Романија во првиот дел од квалификациите за пласман на Светското првенство 2023. Во последните 10-15 минути нашите најдобри ракометари предводени од селекторот Кирил Лазаров стекнаа висока позитива која треба да се одбрани в сабота кога ќе се игра реваншот во Букурешт.

Кирил Лазаров на прес-конференцијата рече:

„Благодарност до сите, после ковид пандемијата прекрасно беше да се игра пред публика која ни ја даде потребната поддршка. Романија е одличен противник, јас две-три ноќи не спиев мирно. Мислам дека резултатот не е реален, во последните 15 минути бевме подобри ривали. Многу пати сме биле подобри 40-45 минути, на крајот ги губевме натпреварите. За разлика од Европското првенство, сега имавме поширока ротација, со Никола Маркоски, неколку помлади играчи, и тоа беше клучот што победивме. Треба да бидеме претпазливи на реваншот, добро го познавам селекторот Чави Пасквал, го почитувам и верувам дека тој нема да се предаде до крај во овој двомеч".

Возвратниот дуел се игра в сабота во 17:00 часот.

Share