hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Направивме комплетна анализра и сигурен сум дека добро ќе се подготвиме

kiro brance

Македонската машка сениорска репрезентација синоќа ги започна подготовките за бараж двомечот против Романија во вториот бараж за пласман на Светското првенство во Полска и во Шведска.

Македонија ја дочекува Романија во четврток во СЦ „Борис Трајковски", а реваншот во Букурешт е на 19 март.

„Знаевме дека ќе играме бараж, тоа го имав во глава и кога бев поставен за селектор. Романија е селекција која треба да се почитува, го имаат Пасквал за селектор, човек кој беше тренер 12 години во Барселона, а тоа доволно збори за неговата големина. Имаат промени и напредок на клупски и репрезентативен план. Познавајќи го Чави сигурно ќе подготви некое изненадување. ама јас го знам како работи. Ние направивме анализа и сигурен сум дека добро ќе се подготвиме за тие бараж натпревари", смета селекторот Лазаров.

Денес во репрезентацијата треба да се приклучат Пешевски и Миркуловски, а вечерва пристигнува и Никола Митревски.

Share