hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант загуби од Бенфика и ќе игра против Фуксе Берлин во осминафиналето на Лига Европа

benfika - nant

Бенфика - Нант 30:29 (15:16)

Во последното 10. коло од групата Б на ЕХФ Лига Европа, Нант загуби на гостувањето кај Бенфика со 31:30 (15:16), во натпревар за подобар пласман во групната фаза. Кирил Лазаров беше одличен, постигна три погодоци, но не успеа да го избегне поразот во драматична завршница.

Постојано двете екипи се менуваа во водство, но во драматична завршница и шаховско надмудрување на двата шпански тренери, Чема Родригез и Алберто Ентретиос, повеќе среќа имаа Португалците и извојуваа победа. Со овој пораз Нант заврши на третото место во групата и во осминафиналето ќе се сретне со Фуксе Берлин.

Осминафинале:

Кадетен Шафхаузен – Савехоф

Лемго – Висла Плоцк

Нексе Нашице – Пелистер

Бидасоа – ГОГ

Нант – Фуксе Берлин

Спортинг – Магдебург

Тулуз – Бенфика

Горење - Ним

Натпреварите од осминафиналето се играат на 28 март и 5 април 2022 година.

Share