Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров го соопшти поширокиот список на играчи кои ќе бидат во конкуренција за бараж дуелот за пласман во квалификациите за Светското првенство против Романија.
Капитенот и предводникот на националниот тим на поширокиот список има 35 ракометари.
Собирот е закажан за почетокот на следната недела, а првиот натпревар со Романците го играме на 17 март во Скопје.