hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант продолжува да „меле“, го совлада и Денкерк во француското дерби

nant - denkerk

Нант - Данкерк 29:25 (14:12)

Во убава, свечена и победничка атмосфера започна месец март за ракометарите на Нант. Најнапред пред домашната арена беше претставен трофејот од Лига Купот, освоен во декември 2021 година, а потоа во одличен амбиент беше надигран Данкерк во натпревар од 19. коло на домашниот шампионат. Екипата на Кирил Лазаров извојува победа од 29:25 и остамува најбизок пратител на лидерот ПСЖ.

Домаќините првиот дел не го одиграа како што посакуваа и на пауза заминаа со два гола негатива (14:12). Сепак, продолжувањето беше сосема поинаква приказна, па избраниците на Ентрериос беа далеку подобри, поефективни во нападот, одиграа поквалитетно во одбраната и направија пресврт за петнаесетта победа во првенството.

Најдобри кај Нант беа Де Ла Бретече, Мин, Ривера и Персон со по пет постигнати гола. Кај гостинот Данкерк, Авеланж-Демуж беше најдобар со шест гола.

Нант со 31 бода е на второто место на табелата зад Пари Сен Жермен. Следната рунда за Нант носи дерби-дуел против ПСЖ во Париз.

Share