hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант го надигра Истр и го продолжи позитивниот тренд

istres - nant

Истр - Нант 28:32 (13:18)

Иако имаше силен ритам, тешки натпревари и патување за Германија, Нант продолжува со победнички ритам и позитивни резултати. Екипата на Кирил Лазаров извојува победа на гостувањето кај Истр со 28:32 (13:18). Ова е четврта победа по ред во францускиот шампионат за ракометарите на Нант кои остануваат најблизок пратител на лидерот ПСЖ.

Од самиот почеток Нант се наметна, го презеде и зголемуваше водството и на паузата замина со 13:18. Во вториот дел почна да се буди домаќинот, се доближи и се обиде да креира драма, но не и да го загрози водството на Нант. На крајот тимот на Алберто Ентрериос извојува победа со 28:32.

Лазаров не се запиша во стрелците, а блеснаа Линус Персон со шест и Драган Пешмалбек со пет гола. Блескаше на голот Емил Нилсен со 16 успешни интервенции. ПСЖ е лидер со 34 бода, што е пет бода повеќе од Нант, кој одигра и натпревар повеќе.

Share