hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант го надигра Лемго, но освои само бод на гостувањето во Германија

FMOnZtzWUAc2B4N

Лемго - Нант 37:37 (17:20)

Нант се квалификува за нокаут фазата на ЕХФ Лига Европа, но пропушти голема шанса да напредува до второто место во групата Б. Тимот на Кирил Лазаров одигра 37:37 на гостувањето кај Лемго, а го имаше и последниот напад за победа.

Лазаров се обиде во завршните моменти од натпреварот, како што знае да преземе одговорност и да одлучи, но овојпат тоа не му успеа. Сепак, радува што влезе во ритам по повредата и на секој натпревар е додадена вредност на екипата на Алберто Ентрериос.

Нант на полувремето водеше со 17:20, но во вториот дел не успеа да ја задржи предност за да го освои целиот плен. Ривера со единаесет гола беше најдобар поединец на натпреварот.

Францускиот тим е на третото место во групата Б со 11 бода, два помалку од ГОГ Гудме и Бенфика, а еден повеќе од Лемго.

Share