hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нова лесна победа за Нант, Лазаров му даде два гола на Шамбери

lazarov francija

Шамбери - Нант 25:32 (15:17)

Четири натпревари и четири победи во новата 2022 година за ракометарите на Нант е доказ дека екипата на Алберто Ентрериос во новата година влезе во вистински ритам. Вечерва Нант триумфираше со убедливи 25:32 на гостувањето против Шамбери и се искачи на второто место на табелата.

Откако пред неколку дена го победи Сант Рафаел екипата на Нант вечерва лесно го скрши отпорот на Шамбери, прекинувајќи ја серијата од две победи по ред на оваа екипа. Првото полувреме заврши со водство на Нант од +2, за отпорот на домашниот состав да биде скршен во вторите триесет минути.

Кире Лазаров го заврши натпреварот со два гола, а најефикасни во таборот на Нант беа Мин со шест и Овничек со пет погодоци.

Share