hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров постигна два гола, Нант вторпат го надигра фински Кокс

nant - koks

Нант - Кокс 36:25 (17:12)

Нант ќе игра во елиминационите натпревари на ЕХФ Лига Европа, а големи се шансите дека ќе тргне од една од водечките позиции во групата. Вечерва во Франција, Нант го надигра првакот на Финска, Кокс, кој вторпат оваа сезона нема никакви шанси во дуелите со екипата на Алберто Ентрериос. Финалните 36:25 реално покажуваат како се одвиваа работите на теренот во Франција.

Уште после првите триесет минути домашниот тим имаше добра предност и водеше со 17:12. Добрата игра на Нант брзо донесе двоцифрена разлика и лесна победа.

Робин Микаел собра 14 успешни интервенции, а најефикасни беа Рок Овничек со седум и Валеро Ривера со пет гола. За екипата на Кокс, Пјотр Рибски беше стрелец на шест погодоци. Нашиот Кирил Лазаров одигра одличен натпревар и реализира два гола.

На останатите натпревари од седмото коло во оваа група Бенфика го совлада тимот на Лемго со 35:30, а ГОГ Гудме беше подобар од Чеховски Медведи и го совлада со 27:26.

Share