hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант и без повредениот Лазаров пресилен за Сант Рафаел

sant rafael - nant

Сант Рафаел - Нант 27:36 (11:15)

Вијкендов продолжи ракометниот шампионат на Франција, земјата олимписк победник. Нант продолжи каде што застана во декември и го победи Сант Рафаел на гостински терен со 27:36.

Тимот на Нант гостуваше без капитенот и селектор на македонската репрезентација Кирил Лазаров, кој уште е повреден и нема заздравено од повредата со која се здоби пред настапот на Европското првенство. Сепак, Нант лесно го доби ривалот. По првиот дел тимот имаше 11:15, а во вториот дел создаде висока разлика која константно ја одржуваше до финишот на мечот.

Најдобар кај победникот беше Александре Кавалканти со осум гола, пред Валеро Ривера со шест, додека Тео Монар имаше пет гола. Кај Сен Рафаел, Јоан Марескот заврши со седум, пред Древи Пашал со шест гола.

Нант е на второто место во Старлигата, додека Сант Рафаел е шестопласиран.

Share