hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Важен е пристапот на играчите, Кувајт не се споредува со ривалите на ЕП

лазаров изјава

Македонската сениорска репрезентација денеска во првиот пријателски натпревар против Кувајт славеше убедливо со 31:21 во подготовките за Европското првенство 2022.

Селекторот Кирил Лазаров е среќен за добриот резултат кој не му е во прв план, туку поважно е како ќе се однесуваат неговите репрезентативци во текот на натпреварите.

„Среќен сум, не само затоа што победивме со десет голови разлика, среќен сум што еве пред натпреварот на нашите репрезентативци им кажав дека денес стартуваме без девет стандардни репрезентативци што поради оправдани отсуства, повреди и други работи. Среќен сум што успеав да ги убедам без разлика дека ако се сака, сè може, тоа доста го работевме во овој период и тоа го покажаа денеска на теренот и ме радува тоа што првото полувреме игравме во егал, беше само еден гол разлика за нас. Во второто полувреме едноставно го засиливме ритамот, успеавме да славиме со десет голови разлика. Не ми е важен толку резултатот, колку што ми е важен пристапот на самиот натпревар.

Тоа што го договаравме, тоа го спроведовме на самиот терен, мислам дека за нашите играчи ова ќе биде поттик за она што ни преостанува во следниот период, да работиме уште понапорно, да пробаме да ги задржиме добрите работи, а тука се и слабите работи во кои треба да се поправиме и да напредуваме.

Не може да ме понесе никаква еуфорија, треба да бидеме цврсто на земја, знаеме што е пред нас, не можеме да го споредиме Кувајт со Словенија, Црна Гора и Данска.

Но, радува пристапот и ангажираноста на тренинзите. Едно е клупа, друго е национален тим. И со националниот тим немате многу време, затоа имаме и четири контролни средби. Не сакам да се повторувам, имаме промена на генерација и морате на официјални мечеви да им се даде шанса на помладите, оние што заслужуваат и голем дел од нив ја искористија шансата. Ова е поттик да работат посветено, да се борат за националниот дрес. Треба да го заслужите националниот дрес, треба да заслужите настап на официјален натпревар, на големо натпреварување", изјави рече Лазаров.

Вториот дуел меѓу Македонија и Кувајт исто така се игра во Маврово во среда попладне.

Share