hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант ги совлада Порто и АЕК и го освои турнирот во Гаја

nant - porto

Ракометарите на Нант продолжуваат со одлични игри за време на подготвителниот период. По освојувањето на турнирот во Баскија, екипата на Кирил Лазаров го освои и претсезонскиот турнир во Гаја (Португалија). Во натпревари со квалитетни противници се „бруси" формата пред новиот француски шампионат и Лига Европа.

Иако играа без Калваканти и Скурински, момците на Алберто Ентрериос извојуваа победи против Порто со 39:32 (16:16) и против АЕК Атина со 29:23 (17:12). Натпреварот против Порто беше соочување на македонските репрезентативци и Кирил Лазаров.

Идниот викенд екипата на Нант ќе учествува на турнир во Лимож, каде покрај домаќинот, ќе играат и француските прволигаши Ним и Монпелје.

Share